Во Албанија до 17 часот гласале 38,75 отсто од гласачите

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Албанија до 17 часот гласале  38,75  отсто од гласачите

Според Централната изборна комисија,  до 17 часот правото на глас го оствариле 38,75 отсто наспроти 43,56 отсто, колку што одѕивот бил на изборите пред четири години.

Регион со најголем одѕив на гласачите е Пешкопеа со 48,51 отсто. Висок одѕив има и округот Тирана, каде гласале 42,57 отсто од гласачите. Регион со најмало учество и понатаму е Валона, со 28,51 отсто.

Во Изборната единица Корча, каде што за пратенички мандат се бори Васил Стерјовски, од Македонска алијанса за европска интеграција  одѕивот е околу 40 отсто.

Амбасадорот на Европската Унија во Албанија, Силвио Гонзато беше во посета на Драч и Фиер, каде за новинарите објасни дека не врши формално набљудување на изборите, туку е на терен за внимателно да набљудува како напредуваат изборите и соработката меѓу институциите.

Според него, Договорот за институционална соработка функционира добро, а секој инцидент ќе го истражуваат надлежните институции. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата