Покрај со Фон дер Лајен, предвидено е Жељазков во Стразбур да се сретне и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Најавувајќи ја средбата, Пињо не соопшти детали за темите на разговор меѓу Фон дер Лајен и Жељазков, но според најавите од Софија, Жељазков со своите соговорници ќе разговара за главните приоритети на бугарската Влада и за „актуелните теми од европската агенда“.
По минатонеделното именување на Владата на Жељазков, Фон дер Лајен му го честиташе изборот, посакувајќи му успех во работата.
- Моите честитки до Росен за изборот за премиер на Бугарија. Со нетрпение очекувам да работам со вас за просперитетна Бугарија во силна и обединета Европа. Ја ценам и Вашата поддршка за нашиот храбар сосед Украина, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.
Инаку, Фон дер Лајен утре во Стразбур ќе учествува на сесијата на Европскиот парламент на дебатите за резултатите од декемврискиот Самит на ЕУ и за приоритетите на полското претседателство со Советот на ЕУ во првите шест месеци од годинава.