Трамп му иоспрати писмо на Вучиќ- ги испофали и него и Србија

11.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп му иоспрати писмо на Вучиќ- ги испофали и него и Србија

„Почитуван претседателе Вучиќ, во име на народот на Соединетите Американски Држави, вам и на граѓаните на Србија ви ги упатувам најискрените честитки по повод Денот на државноста“, го цитира Вучиќ писмото од Соединетите држави. Трамп посебно ѝ се заблагодари на Србија за нејзината посветеност на мирот ширум светот, објави Индекс.

„Со нетрпение очекувам дополнително да го зајакнеме нашето партнерство, надградувајќи се на сè посилните врски меѓу нашите земји, за заеднички да придонесеме за поголема безбедност и просперитет за граѓаните на Србија и на САД. Задоволен сум од нашата сè поинтензивна соработка и новите можности за взаемно инвестирање во важни сектори како што се технологијата и енергијата.

„Ние многу го цениме значајниот придонес на Србија за меѓународната безбедност, без разлика дали тоа е поддршка на народот на Украина во нивната одбрана од руската агресија или придонесот на Србија во бројните мировни мисии ширум светот“, се наведува во писмото.

„Во годината што претстои, со нетрпение очекувам заеднички напори за унапредување на стабилноста и економскиот развој на Западен Балкан. Соединетите Држави целосно ја поддржуваат континуираната интеграција на Србија во евроатлантскиот простор, како и нејзините напори за промовирање на мирни и просперитетни односи со своите соседи и партнери во регионот“, се додава на крајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата