Руските сопственици се согласија да го продадат својот удел во НИС, најави српската министерка Ѓедовиќ Хандановиќ

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руските сопственици се согласија да го продадат својот удел во НИС, најави српската министерка Ѓедовиќ Хандановиќ

Таа истакна дека името на третата страна не се открива бидејќи станува збор за деловни разговори на сериозни компании.

„Додека не се завршат разговорите или барем не се дефинираат најважните детали, нема да се зборува за тоа. Ништо не е скриено од јавноста. Како што видовте, досега комунициравме многу транспарентно за се. Нашето барање е јасно, односно рафинеријата мора да продолжи да работи и што е можно поскоро да се обезбеди нов проток на нафта. Во Србија од Јанаф не пристигнала нафта 43 дена, граѓаните не го почувствуваа тоа, токму затоа што работевме напорно за да бидеме подготвени за сите сценарија ако и кога ќе има предизвик со Нафтената индустрија на Србија“, рече министерката.

НИС, преку своите адвокати во САД, поднесе барање до американската Влада за продолжување на лиценцата за работа, за да може да продолжи да испорачува нафта, за рафинеријата да продолжи со работа.

„Сега чекаме одлука на американската Влада за да кажеме дали тоа што го предложија е во ред“, објасни Ѓедовиќ Хандановиќ.

На 18 ноември, НИС поднесе ново барање за издавање посебна лиценца до Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД, барајќи непречено работење на компанијата, објави НИС претходно денеска. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата