Владата на Република Српска прогласи вонредна состојба пред изрекувањето на пресудата на претседателот на ентитетот, Милорад Додик, објавувајќи ја подготвеноста да ги преземе „сите неопходни мерки за заштита на институциите, имотот и интересите на граѓаните на РС“.
Владата на ентитетот одржа вонредна седница зад затворени врати во средата вечерта, откако со завршните зборови на одбраната и обвинителството заврши едногодишното судење на додик и директорот на службен весник на Рс, Милош Лукиќ, кои се обвинети за неисполнување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БИХ.
Државниот обвинител Недим Ќосиќ побара Додик и Лукиќ да бидат прогласени за виновни и осудени на затворски казни „блиску до максимум“ од пет години. Тој предложи и на двајцата судот да им изрече десетгодишна забрана за вршење функции во владини органи или институции финансирани од буџетот.