Според Пленковиќ, неговата страна со факти ги разобличила сите дезинформации и манипулации поврзани со темата.
Тој изјави дека овие дезинформации и манипулации доаѓаат од страна на претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ, и се поддржани од опозицијата.
- И врапчињата знаат дека хрватските војници не одат во Украина, туку во Висбаден. Ако активностите се поврзани со поддршката за Украина, тоа е соодветно, но не значи дека тие треба да бидат на теренот во Украина, рече Пленковиќ.
Пленковиќ ја честиташе убедливата победа на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на изборите во САД и ѝ посака успех на Дубравка Шуица, која е новиот комесар за Средоземје во Европската комисија. /МИА