Италијански брод со втора група мигранти отплови за Албанија

6.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијански брод со втора група мигранти отплови за Албанија

На бродот „Либра“ има осум мигранти спасени пред два дена, а во миграцискиот центар во Шенѓин треба да пристигнат утре.

Италија минатиот месец ја испрати првата група од 16 мигранти во Албанија, но подоцна италијанскиот суд донесе пресуда дека нивниот притвор е неважечки и им наложи на властите да ги врати во Италија. Судот наведе дека матичните земји на мигрантите не ги смета за сигурни.

Како одговор на пресудата, италијанската Влада усвои нова уредба чија цел е надминување на правосудните препреки во контроверзниот договор за миграција во Албанија.

Италија минатиот месец официјално отвори два центра во Албанија за обработка на барањата за азил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата