Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос

6.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос

Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека, според сведоштвата на преживеаните, , доцна синоќа криумчарот што ги пренесувал ги натерал да го напуштат чамецот додека сè уште биле далеку од копното, по што побегнал.

Бегалците и мигрантите биле оставени во море, 25 од нив успеале безбедно да стигнат на копно, додека пак четворица се удавиле.

Преживеаните преку бројот 112 за итни случаи ги информирале властите и биле префрлени во главниот град на Родос, а крајбрежната служба ги извлекла безживотните тела на тројцата мажи и жената./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата