Околу 440 земјотреси биле над три степени според Рихтеровата скала и 73 над четири, се додава.
На островот денеска се регистрирани 45 земјотреси, од кои два со јачина од четири степени според Рихтеровата скала и десет од три степени.
Во меѓувреме, во Атина се одржа итен состанок на премиерот Киријакос Мицотакис, на кој присуствуваа министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас и експерти.
Говорејќи на состанокот, Ефтимиос Лекас, водечки геолог и шеф на државната Агенција за планирање и заштита од земјотреси (OSAP), предупреди на висок ризик од лизгање на земјиштето на Санторини поради земјотресите.
Исто така, Костас Папазахос, истакнат експерт за геофизика и сеизмологија, рече: „Се чини дека ситуацијата се подобрува кога станува збор за сеизмичката активност“.
Тој апелира до жителите на островот да останат смирени.