Договорот за укинување на визите беше ратификуван на четвртата годишнина од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Косово и Израел.
-В недела кога се одбележуваат четири години од дипломатските односи меѓу земјите, Израел и Косово го ратификуваа Договорот за укинување на визите. Почнувајќи од 5 мај 2025 година, граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Израел како туристи без потреба од виза, изјави Жив на социјалната мрежа „Х“.
Косово и Израел воспоставија дипломатски односи по потпишувањето на Договорот од Вашингтон во 2020 година. /МИА