Фотографијата, која е широко споделувана на социјалните мрежи, прикажува група пожарникари кои, по часови борба со пожарот, легнаа на патот за да подремат пред да тргнат во нова битка, објави Телеграф.
Фотографијата наводно е направена на Хиос, каде што пожарот се прошири на површина од околу 40.000 хектари. Пожарите беа изгаснати од земја и од воздух, на жителите од тој дел од Грција им беше кажано да се евакуираат, а властите спроведоа спасувачки операции, користејќи бродови и хеликоптери за транспорт на луѓе од брегот.
Пожарот зафати шумски површини, земјоделско земјиште, куќи, амбари, магацини, возила, мали цркви и продавници во близина на пристаништето. Исто така, имаше прекин на електричната енергија поради оштетување на локалната трафостаница.
Храбрите пожарникари се потрудија да ги спасат животите и имотот на луѓето, а кога конечно добија малку одмор, заспаа таму каде што се најдоа во тој момент.