И вечерва протести низ Србија

15.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И вечерва протести низ Србија

Во Белград голем број граѓани се собраа на протест пред Владата на Србија, а поддржувачи на Српската напредна странка (СНС) се собраа во блиските партиски простории.

Протести има и во околу 20-на градови низ државата. Во најголем број од тие градови е распоредена жандармеријата во обид да спречи насилства. 

Претседателот на државата Александар  Вучиќ вечерва изјави дека има мал број луѓе на улиците, особено во Белград, но и низ цела Србија, и истакна дека луѓето не сакаат насилство.

Вучиќ, во гостување на РТС, рече дека граѓаните знаат дека одлуките се носат на избори и изјави дека изборите ќе се одржат кога надлежните институции ќе одлучат.

„Изборите ќе бидат пред законскиот и уставниот рок. Тие рокови ќе истечат напролет 2027 година. Дотогаш, надлежните институции ќе одлучат кога ќе се одржат... Немојте да се изненадите и да кажете дека изборите се прерано“, рече Вучиќ за РТС.

Тој рече дека домашната економија исто така расте помалку отколку што треба, „поради неодговорното однесување на дел од политичката елита и немирите што некој намерно ги предизвикува“.

„Да не бидеме наивни, тоа е предизвикано главно однадвор“, рече Вучиќ. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата