Гркинка вработена во ОН обвинета за проневера на над еден милион долари

21.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гркинка вработена во ОН обвинета за проневера на над еден милион долари

Грчка државјанка службеник во Обединетите нации, надлежна за управување со фондови на организацијата, обвинета е дека за седум години проневерила над еден милион долари, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, случајот, што се однесува на периодот од 2014 до 2021 година, стигнал до грчкото обвинителство по извештајот на надлежните органи на ОН, кои првично се обратиле до Европското јавно обвинителство, кое предметот го проследило до Грција, бидејќи присвоените суми не се однесуваат на европските фондови и со тоа предметот не спаѓа во надлежност на европскиот обвинител.

Во обвинението, како што пишува АНА-МПА, наведено е дека вработената, која била на важна позиција, наводно изготвувала извештаи за трошоци со лажни документи, присвојувајќи големи износи, односно над еден милион долари.

Истрагата започнала по случајна проверка, а вработената наводно ги негирала обвинувањата, тврдејќи дека е жртва на нејзините претпоставени. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата