Голем број полицајци околу станицата во Виена, каде што наводно е видена Данка,има и хеликоптер

3.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голем број полицајци околу станицата во Виена, каде што наводно е видена Данка,има и хеликоптер

Новинарката на Телеграф, која веќе неколку дена е во австриската престолнина, вели дека се зголемува интересот за исчезнатото девојче кај новинарите, но и кај граѓаните кои биле длабоко потресени од веста за малото девојче.

Таа додава дека на небото над станицата каде пред четири дена е снимено видеото, на кое се сомневаат дека е мала Данка со две романски државјанки, прелетал хеликоптер.

Инаку, трамвајската станица каде е снимено видеото се наоѓа на 150 метри од главната полициска станица во Виена.

Веста за исчезнатата Данка ја пренесоа сите медиуми во Австрија, а нејзината фотографија со денови ја споделуваа српските државјани кои живеат во Виена, но и низ Австрија.

Роберт Чајиќ од највлијателниот австриски медиум „Хеуте“, кој за Телеграф откри дека досега не се јавил никој кој бил на трамвајската станица во моментот кога е објавено видеото на девојчето, кое многу личи на исчезнатата Данка.

„Сè уште чекаме потврда дали девојчето од видеото навистина исчезнало. Се разбира, сакаме и ги повикуваме луѓето да контактираат со нас доколку видат нешто“, вели Роберт.

За потсетување, виенската полиција денеска објави итно соопштение во врска со исчезнувањето на српската државјанка Данка Илиќ.

Австриската полиција соопшти дека голема е веројатноста српското девојче да е на видеото.

„Откако роднините на исчезнатото девојче ги погледнаа сликите, се претпоставува дека многу веројатно се работи за исчезнатото девојче од Србија. Виенската полиција по наредба на јавниот обвинител бара објавување на снимките“, соопштено е.

Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени фотографирани со девојчето веднаш да се обратат во полиција.

„Пријавете информации, исто така анонимни, на 01-31310-33800 или во која било полициска станица“, се наведува во соопштението.

Да потсетиме, 2-годишната Данка Илиќ исчезна минатиот вторник околу 13 часот и 45 минути, а во моментот на исчезнувањето носеше виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и косата врзана во опавче.

Системот „Најди ме“ е активиран за прв пат во Србија поради нејзиното исчезнување, а како што е наведено на сајтот „pronadjime.mup.gov.rs“, девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри, објави Телеграф.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата