Епидемија на грип во пет области во Бугарија

22.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Епидемија на грип во пет области во Бугарија

Епидемија е прогласена во Хасково, Видин, Јамбол, Пловдив и Благоевград.

Во Хасково и Видин мерките се веќе на сила, а во Јамбол од денеска децата се префрлаат на онлајн настава.

Од денеска во Пловдив и Благоевград се забранети посети во болниците. Во градинките и училиштата нема да се примаат болни деца.

Во изминатите четири дена бројот на заболени од грип во Пловдив е зголемен за 35 отсто.

Во Благоевград се воведува обврска медицинскиот персонал да носи медицински маски во медицинските установи.

Од утре, шеста област ќе прогласи епидемија на грип - во Варна се воведуваат посебни мерки за спречување на ширењето на грипот, јавија бугарските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата