Србија ќе бара продолжување на роковите за излегување на рускиот капитал од НИС

22.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија ќе бара продолжување на роковите за излегување на рускиот капитал од НИС

Таа нагласи дека во интерес и на американската и на руската страна е да се најде решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС), особено со доаѓањето на администрацијата на Доналд Трамп.

Потсетувајќи на крајниот рок до 25 февруари за целосно повлекување на рускиот капитал и интереси од НИС, таа исто така рече дека српската влада разговарала со двете страни и дека работните тимови веќе имале неколку состаноци.

Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека и рускиот и американскиот партнер ќе разговараат бидејќи, како што вели, во интерес на двете страни е да се најде решение.

Таа смета дека се уште е рано да се зборува за опции за НИС и дека треба да се почека двете страни да почнат разговори. Додаде дека се очекува Русија да претстави сеопфатен предлог и дека Србија ќе мора да се подготви за различни сценарија.

Американското Министерство за финансии на 10 јануари објави дека бројни компании во Русија и пошироко се под санкции.

Меѓу санкционираните е и НИС АД Нови Сад, кој од 2008 година е во сопственост на руски Газпром. Одлуките за санкции се во согласност со американската политика на таргетирање на руската економија по нелегалната анексија на Крим и војната против Украина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата