„До крајот на денешниот ден ќе почне забраната за влез на руски автомобили на територијата на Бугарија“, рече Златанов и додаде дека забраната за влез на руски камиони е во сила веќе неколку месеци.
Забраната, која е дел од санкциите што Европската Унија ги воведе кон Русија поради инвазијата на Украина, веќе е во сила во Литванија, Летонија, Естонија, Полска, Финска и Норвешка, која не е членка на ЕУ.
Финските власти претходно појаснија дека забраната нема да влијае на граѓаните и семејствата од ЕУ, вклучително и оние со други државјанства кои постојано живеат во Русија. Исто така, ограничувањата не важат за возила со дипломатски регистарски таблички и возила кои вршат хуманитарен превоз.