И тоа го има во мак – фудбалот, поточно во Работнички. Раритет не само за Македонија, туку раритет и во светскиот фудбал. Имено од вчера со официјализирањето на Горан Станковски за спортски директор на “романтичарите“ семејството Станковски, или попознато како Гама, брои дури тројца во клубот од Градски парк. Таткото Горан – Гама е спортски директор, постариот син Марио (21 година), се врати од Борец во својот Работнички, а помалиот син Лука (18 години) во есенскиот дел беше најдобриот поединец во тимот и прв стрелец со 7 голови.
Во мак – фудбалот имало повеќе случаи двајца браќа да играат за ист тим, но никогаш немало двајца браќа да играат а татко им да им биде спортски директор. Во клубот се надеваат дека со оваа “тројка“ или Гама за „три во едно“ во Работнички, работите ќе бидат многу подобри од тие што беа есеноска. Горан е поранешен играч на Работнички, легенда на Шкупи, екс репрезентативец, имаше богата играчка интернационална кариера, пред две години беше и тренер на Работнички.
Знае како со младите, посебно како селектор на нашите надежи. Марио е талент, но во минатите години не успеваше да се докаже. Еве му шанса конечно да покаже што знае. А Лука треба само да продолжи со својата фантастична форма од есеноска. Тој и натаму ќе биде “прва виолина“ во тимот, освен ако Рабитнички не се реши оваа зима да го продаде за големи пари и тоа во некој голем европски клуб.
Значи време е за Гама, Гама и Гама… во Работнички.

