Закон за мангупи, тонч за скопјани

8.02.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Закон за мангупи, тонч за скопјани

У Скопје да те кажат дека си мангуп е комплимент, брат. Те бива. За девојчици, за снаоѓање, за тоа дека се у шема, за се по ред. Сеа, има и другачие мислење дека мангупите се незрели момци, неозбилни, се праат важни и од тој филм, углавно. Нешто као Џони Деп, или од порано лик како Џејмс Дин, за полесно да ме сфатиш.

Мангуп во маало е привилегија. Дома од мал кога некој копиљ ќе покаже итрина и памет поише од другите викаат: овој магуп ќе биде, онака покровителски, со ќеф гледаат на детето. Како расте мангупот евоулуира, па ако не запре се претвара во битанга, а тоа е нешто сосема друго. Мангуп без ручна кочница.

Мангуп ти е, брат, за мене – фраер. Што ти кажуе самиот збор момак што поштуе слобода, без обавези кон другите и кон правилата на понашање. Свој човек.

Девојкиве сакаат мангупи, ги пали таа енергија, ама штом поминат над 20-25 баталујат мангупи и се префрлаат на шофери со добри коли или надобудни татини синови со стан, кеш и бугарски пасош што им гарантира дека еден ден ќе се вработат као шанкери или разнесувачи на пици во Европа. Да, ама за стално ќе биле таму, после ќе непредуваат.

Освен ова, се плашат дека мангупите се шармери, елоквентни и привлечни па ќе им се качујат по другарките и ќе им се растури другарството што го имаат уште од основно. А другарка од основно за дечко мангуп не се мења, мангупите доаѓаат и заминуваат, а другарката останува, резонираат девојчициве. Што се глупости, она од анонимност до видена риба може само ако има мангуп поред себе, у спротивно ќе си остане да плива у досада со другарката од основно на телефон по цел ден.

Мене стално ме интересирало од кај дошло тоа мангуп да се крсти некој дечко што го бива за све. И, коа ќе ме праша некој, да знам што значи зборот, да не бидам глуп у друштво. Побарав, и се разочарав да ти кажам. Дури имало и Закон за магупи. Јес дека е законот од 1886та уште, ама ми го утепа филмот.

Мангуп, по Закон да ти било стока. И тоа стока без друштво, залутана. Така вика Законов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата