Скопски: Има стан, кола… ама нема дечко. СИГУРНО НЕШТО И ФАЛИ

30.10.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопски: Има стан, кола… ама нема дечко. СИГУРНО НЕШТО И ФАЛИ

Дојде време кога не можеме да договориме состанок затоа што сме „презафатени“ со нашите обврски…е на времето се договравме да се чекаме на Рекорд со другарките кои не запознаваа со нивните пријателки и од таму никнуваа нови љубови. Во маало слободно ќе тргнеше кон симпатијата и ќе ја прашаше: Сакаш да се фатиш со мене?

Слушам има стан, свој бизнис, се шета секој викенд надвор од Македонија, вози автомобил…но, нема дечко, си викам сигурно нешто и фали.

А, сега на мои 34 години не можам да си најдам девојка, кога ќе излезам на една маса седат 5 девојки на друга маса 3 момчиња никој со никого не прозборува сите во рака со телефоните и си се дружат сами со себе.

Кога другарот ќе ми спомне слушни имам една другарка сама е, работи, има кола си викам и на нејзе може нешто и фали, но не е така на секому нешто му фали па поготово ако имаш 34 години и си се уште сам. Зар доправа ќе треба да се запознавам, учам што сака, што не сака тешко ќе оди прилагодувањето од двете страни и на крај ќе си останеме сами…Затоа што никој нема трпение да се занимава со романтични гестови и да ризикува, да се бори во име на љубовта.

Тоа е си патиме од его и суета дека секој е подобар од другиот, дека треба да се имаат високи стандарди од кои не треба да се отстапува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата