Зеленски смета дека Украина е СПРЕМНА ЗА НАТО

1.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски смета дека Украина е СПРЕМНА ЗА НАТО

Претседателот на Украина Володимир Зеленски при денешната посета на Молдавија изјави дека Украина е подготвена да се приклучи на НАТО.

Како што истакна, Киев чека блокот да биде подготвен да ја прими неговата земја.

Тој, исто така, ја повтори желбата на Украина да се приклучи на Европската унија, објави Ројтерс.

Ја поддржуваме Молдавија и нејзиниот народ кој се интегрира во ЕУ.

„Нашата иднина е во ЕУ. Украина е подготвена да влезе во НАТО“, истакна Зеленски.

Самитот на европската политичка заедница чиј домаќин е Молдавија се одржува на околу 20 километри од границата со Украина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата