Зеленски пристигна во Вашингтон на преговори за испраќање дополнително оружје во Украина

21.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски пристигна во Вашингтон на преговори за испраќање дополнително оружје во Украина

За време на својата втора посета на САД од почетокот на руската инвазија, Зеленски треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

„Денес водиме важни преговори во Вашингтон. Воздушната одбрана е едно од главните прашања за Украина. Потребна ни е поголема воздушна одбрана, поголема поддршка за украинските војници на фронтот“, објави Зеленски на Телеграм, осудувајќи го денешниот масовен руски напад врз неколку украинските градови и им се заблагодари на земјите што му обезбедија на Киев противракетни системи.

„Ги соборивме повеќето проектили. Но само повеќето. Не сите. Работиме на целосно лишување на Русија од нејзиниот терористички потенцијал“, додаде тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата