Зеленски по нападот на Киев: Сите кои ѝ помагаат на руската држава мора да бидат на удар

18.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски по нападот на Киев: Сите кои ѝ помагаат на руската држава мора да бидат на удар

„Непријателот утрово изврши балистички напад врз центарот на Киев. Има урнатини. Познато е дека три лица загинаа, а тројца се ранети... Оштетени се станбени згради, метро станица, продавници, кафулиња и цивилна инфраструктура Сите служби продолжуваат да ги елиминираат последиците од гранатирањето“, рече Зеленски на Телеграм.

Тој истакна дека во нападот на Запорожје се повредени десет лица, а во тек е спасувачка операција.

„Секој кој ѝ помага на руската држава во оваа војна мора да биде под таков притисок што ќе го почувствуваат не помалку од овие удари. Ние можеме да го направиме тоа само во единство со целиот свет“, рече Зеленски.

Како што јави Укринформ, четири лица загинаа, а тројца се повредени во квартот Шевченко во Киев како последица на напад на руски балистички проектил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата