Зеленски нареди да се формира постојана преговарачка група за завршување на војната

19.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски нареди да се формира постојана преговарачка група за завршување на војната

Зеленски на Фејсбук објави дека одржал состанок посветен на дипломатските напори за завршување на војната и воспоставување мир.

Министерот за одбрана Рустем Умеров информираше за работата на украинската делегација и преговарачкиот процес во Турција. Според Зеленски, „средбите на 15 и 16 мај му ја покажаа на светот нашата посветеност на унапредување на мирот и во исто време, неопходноста да се изврши притисок врз Русија за да се запре војната“.

Тој нагласи дека најзначајниот исход од состанокот бил договорот за размена на затвореници во формат  1.000 за 1.000.

„Нашиот тим моментално работи на деталите за размената. Благодарен сум на сите што придонесоа за овие напори“, истакна Зеленски. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата