Зеленски: Моето доаѓање во Турција е јасна порака за Путин

15.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски: Моето доаѓање во Турција е јасна порака за Путин

„Тука сум и мојата порака е јасна“, рече Зеленски по заминувањето од аеродромот во Анкара, по што се очекува да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, одговарајќи на новинарските прашања за неговата порака до Путин, објави Укринформ.

Зеленски напиша на платформата X дека „украинската страна ја потврди својата подготвеност“ да учествува во преговорите и дека „Украина е претставена од делегација на високо ниво“, Министерството за надворешни работи, неговата канцеларија, армијата и претставници на сите украински разузнавачки агенции, кои се подготвени да донесат какви било одлуки „што би можеле да доведат до долгоочекуваниот праведен мир“.

„Ќе започнеме со состанок со претседателот Ердоган и целата турска делегација. Во контакт сме со американската страна - верувам дека и тие ќе бидат присутни во Турција на високо ниво. Сè уште не сум добил официјална потврда во врска со руското ниво на претставување. Но, од она што можеме да видиме, изгледа театарски. Ќе одлучиме за нашите следни чекори откако ќе разговараме со претседателот Ердоган“, рече Зеленски.

Тој изјави дека украинската делегација ќе има „неколку часа за важни дискусии и многу важни одлуки“.

„Неопходно е да се разбере нивото на руската делегација, каков мандат имаат и дали се воопшто овластени да донесуваат какви било одлуки - бидејќи сите знаеме кој всушност ги носи одлуките во Русија“, истакна Зеленски.

Преговорите меѓу делегациите од Москва и Киев за прекин на војната во Украина се закажани за денес во Истанбул, по предлог на Путин, на кои постоеше можност, според медиумските шпекулации, рускиот и украинскиот претседател да се сретнат лично.

Путин никогаш официјално не го потврдил своето учество во разговорите во Анкара, кои самиот побарал да се одржат, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, утрово во изјава за Си-Ен-Ен потврди дека нема можност рускиот претседател да учествува во разговорите во Истанбул.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата