На средбата со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во Киев, Зеленски рече дека германските претставници на неодамнешната средба на НАТО во Брисел јасно изразиле поддршка за украинското членство.
- Сакам лично да ви се заблагодарам за сигналот кој многу долго не доаѓаше од германска страна – можеби никогаш не бил изречен на овој начин, рече Зеленски.
Тој додаде дека планира да разговара со лидерите на ЕУ за зголемување на финансирањето за производство на беспилотни летала и за заеднички проекти во одбранбената индустрија.
До неодамна, САД, Германија, Унгарија и Словачка беа меѓу земјите кои отворено се спротивставуваа на приемот на Украина во НАТО, потсети Зеленски.