Зеленски: Доцнењето на американските ракети „Патриот“ чини животи

27.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски: Доцнењето на американските ракети „Патриот“ чини животи

Во интервју за Би-Би-Си тој оцени дека Вашингтон не врши доволен притисок врз Русија за постигнување мир.Зеленски ја критикуваше и изјавата на Доналд Трамп, кој го нарекува Путин свој пријател.Тој нагласи дека рускиот претседател  е агресор и дека не може да биде пријател.

Според него последните мировни преговори во Абу Даби не донесоа напредок, а нови разговори се очекуваат во декември.Рече дека Украина се соочува со сериозен недостиг од ракети за пресретнување на руските балистички проектили.Зеленски изрази разочарување што САД поголемо внимание посветуваат на Блискиот Исток.Тој предупреди и на проблемите со системите „Стар-Линк“ и „Стар-Шилд“, кои влијаат врз украинските беспилотни летала.Во пресрет на тешката зима, руските напади врз енергетската инфраструктура предизвикуваат прекини на струјата.Зеленски порача дека Украина ќе го брани Киев по секоја цена, бидејќи како што рече без главен град нема држава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата