Бројот на заболени со ебола во Конго надмина 12.000- починале над 5.900 луѓе

26.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на заболени со ебола во Конго надмина 12.000- починале над 5.900 луѓе

Епидемијата, предизвикана од реткиот сој на вирусот ебола Бундибугио, беше прогласена кон средината на мај во североисточната покраина Итури и оттогаш се прошири во осум од 26-те покраини во земјата, објави Ројтерс.

Нема одобрени лекови или вакцини за сојот. Доцното откривање на случаи, вооружените конфликти и преоптоварениот здравствен систем придонесоа за побрзото ширење на болеста отколку во претходните епидемии.

Според Африканските центри за контрола и превенција на болести (Африка ЦДЦ), само 15 проценти од новите случаи доаѓаат од луѓе кои веќе им се познати на здравствените власти, што укажува дека многу синџири на пренос на вирусот сè уште не се откриени.

Сегашната епидемија е втора најголема и најсмртоносна досега, по епидемијата од 2014-2016 година во Западна Африка, која зарази повеќе од 28.600 луѓе и уби повеќе од 11.000. Анализата на „Ројтерс“ на сателитските снимки сугерира дека официјалниот број на жртви во двете области на Конго кои се најтешко погодени од епидемијата би можел да биде значително потценет, соопшти агенцијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата