Завршија преговори помеѓу руската и американската делегација во Ријад, средбата оценета за пози

18.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Завршија преговори помеѓу руската и американската делегација во Ријад, средбата оценета за пози

 Првата рунда средби во кралската палата во Ријад – Саудиска Арабија траеја четири и пол часа, а учесниците ги оценија како позитивни и конструктивни. Според првичните информации, САД и Русија се согласиле да состават тимови задолжени за решавање на конфликтот во интерес на сите засегнати, а веќе се подготвува и теренот за првата средба меѓу претседателите Трамп и Путин, но датум не е утврден.  

Американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц по средбата порача дека целта на претседателот Трамп е да се запре убивањето и да има трајно запирање на војната, но посочи дека очекува како тема да се начне територијата и безбедносните гаранции, за кои вели се фундаменти кои може да го одржат, но и да го поткопаат текот на преговорите.

И Руската страна заминува задоволна од средбата, велејќи за разлика од претходната администрација на Бајден, сега е сослушана и нивната страна, а денешната средба ја оценуваат како соодветен почеток на она што треба да следува за да се дојде до мирот...

САД на преговарачката маса ги предводеше Марк Рубио, заедно со Мајк Волц и Стив Виткоф. Наспроти нив, министерот за надворешни Сергеј Лавров и советникот на Путин, Јури Ушаков.

Од друга страна, додека траат преговорите за мир во неговата земја, претседателот на Украина, Володимир Зеленски е на средба во Туриција со претседателот Ердоган, оти не доби покана на „масата“ во Ријад, па посочи дека Украина нема да прифати никакви решенија во чие создавање нема да учествува.

Синоќа во Елисејската палата во Париз се собраа и европските лидери на најмоќните земји, кои исто така не добија покана да седнат на преговарачката маса во Ријад... Нивниот вонреден собир заврши со заклучок дека САД мора постави заштитен механизам за да ја одврати Русија од понатамошни напади врз Украина, случај во кој Британија и останатите земји би поставиле трупи да ги раздвојат завојуваните.

„Јас сум подготвен да земам предвид поставување на Британски сили на терен, заедно со останатите ако има спогодба за траен мир. Но, мора да постои заштитен механизам од САД, бидејќи безбедносните гаранции на САД се единствениот пат за ефикасно да се одврати  Русија од нови напади врз Украина. Јас ќе одам во Вашингтон наредната недела да се сретнам со претседателот Трамп и да разговараме за клучните елемнети за траен мир.“ Кеир Страмер – Премиер на В. Британија.

„Европа мора да се дефинира, еднаш засекогаш.. Безбедноста и одбраната како јавно добро и ако е за европско јавно добро, како на пример што шпанската Влада верува дека е, тогаш мора да артикулираме заеднички европски механизми за да овозможиме финансирање и зголемување на нашата безбедност и одбранбен капацитет.“ Педро Санчез – Премиер на Шпанија.

Портпаролот на Кремљ - Димитри Песков претходно посочи дека претседателот Путин е подготвен да разговара со украинскиот претседател Зеленски доколку е непоходно, но во прашање го доведе легитимитетот на украинскиот претеседател, оти мандатот му истекол во Мај 2024..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата