Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина

22.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина

На видео конференцијата меѓу другото ќе учествуваат претставници на Велика Британија, Германија, Италија и Полска, како и претставници од ЕУ и НАТО, соопштиле неименувани извори за Блумберг.

Европските лидери се обидуваат да смислат нови одбранбени планови со оглед на можноста САД да ја прекинат својата огромна воена и финансиска поддршка за Украина./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата