Одлуката доаѓа откако американското здружение за граѓански слободи (АЦЛУ) поднесе тужба против администрацијата на Трамп поради планираните депортации на Венецуелци кои се држат во притворен центар во северен Тексас.
Врховниот суд денеска и нареди на владата „да не отстранува од САД ниту еден член од предложената група притвореници додека не одлучи поинаку“.
Судиите Кларенс Томас и Семјуел Алито не ја поддржаа оваа одлука.
Американскиот претседател Доналд Трамп го активираше Законот за странски непријатели од 1798 година и ја обвини венецуелската банда Трен де Арагуа (TdA) за „извршување, обид и закана за инвазија или ограбување“ на територијата на САД.
Од 261 Венецуелец депортирани во озлогласениот затвор во Ел Салвадор до 8 април, 137 беа протерани според законот, изјави висок претставник на администрацијата за Си-Би-Ес Њуз.
Понизок суд привремено ги блокираше тие депортации уште на 15 март.
Во тужбата на АЦЛУ, која доведе до најновата одлука на судот, се вели дека без навремена интервенција, „десетици или стотици членови на предложената група би можеле да бидат депортирани во Ел Салвадор, каде што им се заканува доживотен затвор, без реална можност да го оспорат својот статус или депортација“.