ВРИЕ ОКОЛУ ТАЈВАН, Кина довлекува тешко вооружување

30.07.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВРИЕ ОКОЛУ ТАЈВАН, Кина довлекува тешко вооружување

Се појавија видео снимки на кои кинеската армија довлекува големи количества воена техника, борбени возила и тенкови кон брегот кој се граничи со Тајван, а кинеските медиуми пренесуваат порака од кинескиот генералштаб, објавена на локалната социјална мрежа Ваибо, во која се порачува “Подгответе се за војна“.

Видео снимки се појавија и за движења, итна воена вежба на тајванската армија која е започната деновиве, а се смета за одговор на кинеското натрупување воена техника на спротивниот брег. Американските власти пак објавија дека не се забележуваат “критични и опасни движења на кинеската војска“.

Причината за оваа воена напнатост е пораката на Кина дека ви никој случај не дозволува посета на Ннси Пелоси, амеркинаската претседателка на Претставничкиот дом на САД на Тајван, и дека тоа го смета за “играње со оган“.

Американските власти потврдија дека доколку претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, замине во Тајван, војската ќе го зголеми движењето на вооружените сили и воените средства во индо-пацифичкиот регион.

Заминувањето на Пелоси во Тајван сè уште е неизвесно, но доколку го направи тоа, Пентагон развива планови за вонредни ситуации, пишува американскиот магазин „Тајм“.

Тие одбија да дадат повеќе детали, но рекоа дека воените авиони, морнарицата, средствата за надзор и други воени системи најверојатно ќе се користат за да се обезбеди летот на Пелоси до Тајван.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата