„Војни сцени“: Најмалку тројца загинати во катастрофални поплави на Француската ривиера

21.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Војни сцени“: Најмалку тројца загинати во катастрофални поплави на Француската ривиера

Поплавите однесоа автомобили, а патиштата и мостовите беа уништени во текот на вторникот. Сцените на југот од Франција беа опишани како „војни сцени“.

Возрасен пар загина во приморскиот град Ле Лаванду, а уште едно лице во градот Видобан, потврдија локалните власти. Нивното возило било зафатено од силната вода, а телото на жената останало заглавено во остатоците од автомобилот,  пишува „Дејли Мејл“.

Властите започнаа истрага за да ја утврдат причината за смртта, а ситуацијата на терен е опишана како „многу тешка“. Градоначалникот на Ле Лаванду, Жил Бернарди, опиша „војни сцени“, „разурнати патишта“ и „срушени мостови“.

„Тоа беше навистина насилен, див и неразбирлив феномен“, изјави тој за BFM телевизија. „Ништо не остана – нема струја, нема вода за пиење, нема станица за пречистување отпадни води“, додаде тој.

Во Видобан, локален службеник успеал да извлече возачка од нејзиното возило, но патникот не можел да се спаси.

„Возачка и нејзиниот сопатник влегле на сеоски пат кој бил целосно поплавен, и возилото паднало во канал“, изјави градоначалникот Клод Пианети на Фејсбук.

@lalegendedu13013 #lavandou #var #cavaliere #cavalier #oragesdegrele #france #meteo #pourtoi #meteofrance #innondation #orages ♬ son original - LaLegendedu13

Лошото време предизвика поплави во домовите, оштетување на железнички пруги и евакуација на стотици патници од воз со голема брзина (TGV) среде ноќ.

TGV возот, кој патувал од Тулуз до Париз доцна во понеделникот, бил на пруга што се слознала поради поројните дождови. Возот морал да запре близу градот Тонен, а повеќе од 500 патници биле евакуирани и пренесени со автобуси.

Според префектурата, во спасувањето биле вклучени десетици пожарникари, полицајци и доброволци.

„За малку избегнавме катастрофа, шините беа откриени, а TGV висеше во воздух“, изјави градоначалникот на Тонен, Данте Ринодо, за AFP. Опишувајќи „водени лавини“ кои поплавиле подруми и куќи, тој побара владата да го прогласи невремето за природна катастрофа.

Друг воз што патувал меѓу Тулуз и Париз останал заглавен во Ажен, а патниците биле однесени со автобус до Тулуз во вторникот наутро.

Портпарол на државната железничка компанија SNCF изјави дека сообраќајот ќе биде прекинат „барем неколку дена“ на делницата меѓу Ажен и Марманд во југозападна Франција, што ќе влијае на TGV услугите меѓу Бордо и Тулуз.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата