Во Вашингтон средба Трамп - Абдула

11.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Вашингтон средба Трамп - Абдула

- Постигнувањето праведен мир заснован на решение за две држави е начин да се обезбеди регионална стабилност. Тоа го бараат американските лидери. Претседателот Трамп е човек на мирот. Тој беше клучен за обезбедувањето на прекинот на огнот во Појасот Газа. Очекуваме САД и сите засегнати страни да обезбедат негово одржување, напиша Абдула на Икс.

Тој истакна дека Јордан и САД имаат долго партнерство и оти истото ќе продолжи со цел да се обезбеди мир, стабилност и меѓусебна безбедност.

- Исто така ја истакнав важноста од деескалација на ситуацијата во Западниот Брег и да се спречи влошување на ситуацијата, што може да има долгорочни последици за целиот регион, наведе Абдула.

Трамп по средбата со јорданскиот крал наведе дека не се откажува од неговиот план САД да ја преземат Газа, да го преселат населението и да ја трансформираат уништената територија.

- Ќе ја преземеме. Ќе ја држиме, ќе ја чуваме. Со текот на времето, ќе ја пуштиме во функција, ќе отвориме многу работни места за луѓето од Блиски Исток, наведе Трамп, додавајќи оти неговиот план ќе донесе мир во регионот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата