Во Вашингтон течат последните подготовки за официјалниот чин на инаугурацијата на новито американски претсдател Доналд Трамп кој во понеделникот ќе положи заклетва.
Сапек временските услови односно прогнозите на метролозите за исклучително ниски температури и артичките ветрови кои дуваат низ земјата беа пресудни за последната одлука а тоа е чинот на инаугурацијата и официјалните гости да се преселат во затврен дел во зградата на Капитол нешто што за прв пат било направен во 85 за инаугурацијата на Реган, исто заради ниски темератури.
За ова преку социјалните медиуми статус напиша и Трамп кој нагласил дека не сака луѓето кои ќе присуствуваат на овој чин да бидат на било кој начин повредени. Претседателот во заминување Џо Бајден, членови на Конгресот и други официјални претставници и истакнати гости ќе ја следат церемонијата во Капитол. Тајната служба, која го води безбедносното планирање за инаугурацијата, соопшти дека работи со организаторите за да ги „прилагоди“ своите планови за настанот поради промените.
Инаку на официјалната церемонија свое присуство најави премиерката на Италија-Џорџа Мелони дедека унгарскиот премиер Виктор Орбан имал други обврски иако се смета дека е еден од најдолгите и најсилните странски сојузници на Трамп.
Не е познато дали Трамп лично го поканил и францускиот претседател Макрон да присуствува на инаугурацијата, иако двајцата уживаа во пријателска средба на големото повторно отворање на катедралата Нотр Дам во декември.
Трамп го поканил и кинескиот лидер Си Џипинг на својата инаугурација во телефонскиот разгворо кој вчера го имале а од таму стигна одговор дека Кина праќа досега највисок функционер на ваква една инагурација на местото на поканата на претседателот Си Џинпинг.