Евакуацијата беше мирна и уредна, рече локалниот портпарол.
- Сите можеа да најдат приватно сместување кај роднини или пријатели или во други хотели. Погодените туристи беа преместени во блиските хотели, додаде тој.
- Постои голем ризик од одрон на камења, истакна портпаролот, мислејќи на блиската планина Клајне Несхорн и глечерот Бирч. Привремено се затворени и неколку пешачки патеки и патишта.
Не е јасно кога жителите ќе можат да се вратат во своите домови, но веројатно не пред вторник. /МИА