Шпанските власти објавија нови податоци за ситуацијата со заразени и смртни случаи од коронавирусот.
Според шпанските медиуми, 950 луѓе починале во земјата во последните 24 часа.
Ова е најголем број жртви за еден ден во таа земја досега. Исто така е шести ден по ред во кој над 800 луѓе умираат во рок од 24 часа.
Во Шпанија, од почетокот на епидемијата на коронавирус починале вкупно 10.003 лица.
Инфицирани се 110.238 луѓе, скоро 27.000 се излечиле, а повеќе од 54.000 биле хоспитализирани.
извор: Makfax