ЛаСота (34) познат по прекарот Зиз е уапсен заедно со членовите на сектата, Мишел Зајко и Даниел Бленк.
ЛаСота се поврзува си убиството на 80-годишен човек кој пролетва требаше да сведочи против Зиз поради насилен напад. Тој е обвинет и за попречување на истрагата за убиството на родителите на приведената Зајко.
Зиз е обвинет и за престрелка со агентите на граничната патрола во Вермонт, при што загина еден полицаец и една припадничка на сектата, германска државјанка.
Во август 2022 година, беше објавен некролог во кој се наведува дека ЛаСота, програмер по професија, загинал во несреќа на пловење. Но, подоцна се појавува под истото име, но се идентификува како жена.