Во потонатата подморница во Хургада имало над 40 странски туристи, најмногу Руси

27.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во потонатата подморница во Хургада имало над 40 странски туристи, најмногу Руси

Во несреќата загинаа шест туристи, од кои четворица руски државјани.

Според рускиот конзул во Египет, Виктор Воропаев, повеќето од патниците биле спасени и нивните животи не се во опасност.

„За жал, четворица наши граѓани загинаа“, рече тој.

Тој откри дека несреќата се случила на околу еден километар од брегот околу 10 часот по локално време.

Според извештаите, на подморницата имало 45 туристи од Русија, меѓу кои имало и деца.

Несреќата, според првичните информации, се случила за време на редовна туристичка екскурзија и обиколка на корален гребен во близина на брегот на Хургада.

Засега нема информации како дошло до несреќата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата