Според компанијата за дистрибуција на електрична енергија на Канада, Hydro One, се очекува да бидат потребни неколку дена за да се врати напојувањето на сите корисници, пренесува CBC News.
Како што наведоа, сите екипи се на терен за што поскоро да ги санираат последиците од невремето и да обезбедат струја за потрошувачите во погодените подрачја.
Во некои делови од централниот и источниот дел на Онтарио наврнале меѓу 25 и 30 милиметри дожд.
Метеорологот Кристина Кречман рече дека ледената бура предизвикала штети во инфраструктурата и домовите, како и дека многу дрвја и далноводи биле урнати.
Вонредна состојба е прогласена во некои градови во Онтарио, како Питерборо и Оро-Медонте.
Надлежните ги предупредија и возачите да бидат многу внимателни поради условите што ги создаде замрзнатиот дожд на патиштата.