Од Пентагон ненадејно е отстранет портретот на поранешниот претседател на Здружениот Генералштаб, генерал Марк Мили, што привлече големо внимание во јавноста, но предизвика и бројни шпекулации, објави Business Insider.
Портретот беше изложен во Пентагон помалку од две недели пред да биде отстранет. Сликата претходно висеше во ходникот исполнет со портрети на поранешни претседатели на Генералштабот.
На прашањето зошто е отстранет портретот на Марк Мили, претставници на Пентагон одбиле да коментираат. Дописничката на Гласот на Америка, Карла Беб разговарала со молери кои ги крпеле дупките на ѕидот каде што бил поставен портретот. Според неа, молерите рекле дека само извршуваат наредби и дека не им е објаснета причината.
A before and after of the Pentagon hallway where General Mark Milley’s portrait was unveiled just a few weeks ago. It was removed after Trump was inaugurated, though reason is still unclear. pic.twitter.com/p7g7mSNvVj
— Idrees Ali (@idreesali114) January 20, 2025
Токму Доналд Трамп го ангажираше генералот Мили како претседател за време на неговиот прв мандат, иако подоцна имаа жесток конфликт. Нивното непријателство најмногу се случувало зад сцената, но во неколку наврати имало и вербална расправија. Генералот јавно се извинил за учеството во фотосесијата со Трамп по насилното растерување на демонстрантите во Вашингтон. Тој јаз само се продлабочувал со текот на времето.
Трамп изрази незадоволство од описите на Мили за неговата администрација и личност во интервјуата со новинарите, го критикуваше за неуспехот на САД во Авганистан, нарекувајќи го „губитник“ и повика поранешниот генерал да биде осуден за предавство поради неговите напори да обезбеди нуклеарно и геополитичка стабилност по настаните од 6 септември јануари 2021 година.
Началниците на Здружениот штаб немаат команда над трупите, за разлика од командантите на борбените единици. Улогата на претседавачот е советодавна за највисоките нивоа на американското раководство, вклучувајќи го и претседателот.
Генералот продолжи да служи како советник на претседателот Џо Бајден и се пензионира во октомври 2023 година. Во разговорот со истражувачкиот новинар Боб Вудворд, генералот го нарече Трамп „фашист“ и изразил загриженост дека може да биде изведен пред воен суд.
Во последните часови од администрацијата на Бајден, генералот добил превентивно помилување од Бајден, кој во изјавата наведе дека помилувањето и прифаќањето на Мили не укажуваат на никакво прекршување или вина.
„Нашата нација им должи на овие јавни службеници долг на благодарност за нивните неуморни напори и посветеност на нашата земја“, рече Бајден.