Во насилствата во Нигерија убиени 47 лица

14.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во насилствата во Нигерија убиени 47 лица

-Можам да потврдам дека 47 лица загинаа, 22 се повредени и пренесени во болница, а пет куќи изгореа, изјави за француските медиуми претставник на Црвениот крст, кој сакаше да остане анонимен.

Локалните власти го потврдија бројот на жртвите и додадоа дека нападите се случиле синоќа околу 20 часот и дека има многу повредени.

Нападите се случија во селата Жика и Кимакпа, десет дена по слични напади во истата област, во која живеат и муслимани и христијани, а во кои беа убиени повеќе од 40 лица./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата