- Осомничените, кои биле малолетни за време на нападите припаѓаат на екстремно десничарска терористичка организација, чија цел е да предизвика уривање на демократскиот систем со насилство насочено пред сè на мигрантите и политичките противници, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Групата наречена Последен бран на одбрана (Letzte Verteidigungswelle) формирана е во април 2024 година и е осомничена за најмалку два напада во источна Германија изминатите месеци. Групата планирала подметнувања пожари и напади со експлозив врз центрите за барателите на азил и врз објекти на политичките опоненти.
Германското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека изминатата година во земјата е забележан раст од 48 отсто на бројот на криминални дела поврзани со екстремно десничарската идеологија. Статистиката покажува дека речиси секој втор политички мотивиран престап е поврзан со екстремната десница.
Ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) е најголема опозициска партија во претставничкиот дом откако на парламентарните избори во февруари доби рекордна поддршка.