Продолжуваат обвинувњата меѓу Вашингтон и Техеран за тоа кој го крши и онака кревкото примирје. Во текот на ноќта Израел го нападна Либан, што наиде на негодување кај иранските власти. Израелската војска соопшти рано утринава дека погодила 10 лансери во Либан кои испукале ракети кон северен Израел. Иран јасно ставa до знаење дека Либан е опфатен со двонеделниот договор за прекин на огнот постигнат со САД - нешто што Вашингтон и Израел го оспоруваат.
Нема знаци дека Иран ја укинува речиси целосната блокада на Ормутскиот теснец, што предизвика најлошото нарушување на глобалните енергетски резерви досега. Техеран ги наведе континуираните напади на Израел врз Либан, меѓу кои беа и најтешките напади во војната во среда, како клучна точка на сопнување.
Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање пред новинарите оцени дека светот се соочува со многу помоќен Иран отколку ред 47 години.
„Се справуваме со овие луѓе 47 години, исправен сум пред многу помоќен Иран – иако пред еден месец е „обезглавен“, но исправен сум пред Иран каков што не бил изминатите 47 години. Со ова претходно требаше да се справат 7 претседатели или и повеќе, а сега секој од нив вели „требаше ова да го сторевме и претходно“. Па така, ова не е нешто која сакам јас да го правам туку премногу е опасно.“- Доналд Трамп, Претседател на САД
Претходно Израелските власти соопштија дека најмалку 303 лица биле убиени во воздушни напади врз командни центри на Хезболах и воени локации, во Либан. Либан се соочува со криза со безбедноста на храната, бидејќи војната во Иран ги нарушува испораките на стоки во земјата, вели Светската програма за храна на Обединетите нации.
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде, оцени дека континуираните израелски напади врз Либан се „сериозно кршење“ на договороти дека САД мора да изберат „помеѓу војна и прекин на огнот“. Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи истакна дека вратата за дипломатија е секогаш отворена, нешто што не е овој пат случај.
„Нападот врз нуклеарните постројки само по себе е непростливо загрозување на меѓународното право и треба да биде осудено. Синоќа како што споменав имав разговори со повеќемина министри за надворешни работи од регионот, речиси секој од нив е многу загрижен и заинтересирани се вклучат во ставање крај на оваа агресија од Израел исто така загрижени се за евентуален напад од страна на САД.“- Абас Арагчи, Министрер за надворешни работи на Иран
Меѓувреме САД ги нападнаа клучните ирански нуклеарни објекти Фордоу, Натанц и Исфахан рано утринава. На социјалните мрежи Трамп вели дека Иран „многу лошо ја врши работата“ во управувањето со преминот, каде што минуваат 20% од светската нафта, и го предупредува Техеран да не „наплаќа такси за танкерите што минуваат низ него“.
Додка во сила е формалниот прекин на огнот меѓу Иран и САД, нова надеж се најавените мировни преговори во Пакистан, закажани за викендов, на кои треба да присуствуваат потпретседателот на САД Џ.Д. Венс и иранска делегација. Во Пакистан, властите се подготвуваат за утрешната прва рунда разговори меѓу САД и Иран кој во 10-те точки за крај на војната бара задржување на контролата врз Ормускиот теснец, прифаќање на правото на Иран на нуклеарно збогатување, укинување на санкциите и завршување на војната, вклучително и против Хезболах во Либан.
На светските берзи фјучерсите за суровата нафта денеска пораснаа над 99 долари за барел, цената се менува на дневно ниво иако првично драстично се намали откако САД и Иран го договорија за двонеделен прекин на огнот. Цената на природниот гас изнесува 2,67, додека цената на бензинот е 3,04 долари за барел.

