Видео: Регистриран силен земјотрес во регионот на Истанбул

23.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Регистриран силен земјотрес во регионот на Истанбул

Иако првите информации велат дека ударот бил 5,9 степени според Рихтеровата скала, се појавија нови информации дека потресот бил 6,1 степени според Рихтеровата скала, се стресе и Грција со 3,9 степени според Рихтеровата скала, се работи за серија земјотреси.

Според информациите, епицентарот на земјотресот во Турција бил на длабочина од 12 километри, во Мраморното Море, западно од Босфорот, пишува Танјуг. Според првичните информации, во Истанбул се треселе згради, пренесува Ројтерс.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата