Сообраќајот во Швајцарија денеска главно се нормализира по обилните снежни врнежи кои затворија некои патишта, соопштија властите.
Преминот Симплон во близина на италијанската граница на југот на земјата е повторно отворен. Електричната енергија, исто така, во голема мера е обновена во областите каде што имаше прекини на струја, вклучувајќи го и ски-центарот Зермат.
Самиот Зермат остана отсечен, а пристапниот пат е затворен поради опасност од лавина, изјави портпаролот на туристичката канцеларија.