Видео: Најмалку двајца загинати во вооружен напад на младински хокеарски натпревар во САД

17.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Најмалку двајца загинати во вооружен напад на младински хокеарски натпревар во САД

Еден од загинатите е напаѓачот, кој по инцидентот се самоуби.

Напаѓачот истрелал најмалку десет куршуми, а еден од гледачите се обидел да го разоружа.

Полицијата го идентификуваше напаѓачот како Роберт К. Дорган, кој, според шефот на полицијата, се идентификувал и како Роберт Еспозито. Тројцата повредени се во критична здравствена состојба.

Нападот се случи само два месеци по вооружениот инцидент на Универзитетот Браун, што го потресе Род Ајленд.

Во првите 47 дена од годината ова е 41 вооружен инцидент во САД. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата