Службите за Итна помош биле повикани во предградие западно од Сиднеј околу 10 часот по локално време поради пријави дека маж избодел неколку луѓе и избегал, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.
Нападот се случил на прометна улица. Медицинските лица им пружиле помош на три лица со тешки повреди, вклучувајќи маж на возраст меѓу 30 и 40 години, кој починал на лице место, изјави полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Сајмон Гласер.
„Другите две жртви, 22-годишен маж и 47-годишна жена, биле однесени во болница во критична состојба“, додаде тој.
Еден маж бил уапсен кратко време подоцна по полициска операција во областа.
„Осомничениот е познат на полицијата за ситни кривични дела и голем број инциденти поврзани со неговото ментално здравје“, рече Гласер, додавајќи дека се очекува осомничениот да се јави во суд.
„Истрагата е во многу рана фаза. Полицијата сè уште не знае кој е мотивот. Сепак, се чини дека станува збор за случаен напад“, додаде тој, нагласувајќи дека се случил „непосредно пред пладне, кога имало многу луѓе наоколу“.

