Венс: Трамп ќе употреби воена сила само ако има јасни цели

23.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Венс: Трамп ќе употреби воена сила само ако има јасни цели

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, им рече на дипломираните студенти на Поморската академија во Анаполис дека претседателот Доналд Трамп работи на тоа да обезбеди американските трупи да интервенираат во странство само ако има јасни цели, наместо да влегуваат, како во минатото, во „недефинирани мисии“ и „конфликти со отворен крај“.

Во своето воведно обраќање пред академиците, Венс прецизираше дека пристапот на Трамп „не значи дека ги игнорираме заканите, туку значи дека им пристапуваме на дисциплиниран начин, па ако веќе ве испраќаме во војна, тогаш го правиме тоа имајќи предвид многу дефинирани цели“.

Венс рече дека под водство на Трамп ќе има брзи напади како оној во Јемен, во случајот со бунтовничкото движење хути. 

„Така треба да се користи воената моќ“, рече Венс. „Решително и со јасна цел“. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата