Венс разговараше со високи претставници на Ватикан, средба со папата не е предвидена

19.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Венс разговараше со високи претставници на Ватикан, средба со папата не е предвидена

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска се сретна со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин и министерот за надворешни работи, надбискупот Пол Галагер, со кои разменил мислења за актуелните меѓународни конфликти и хуманитарни кризи во кои се вклучени мигрантите и бегалците, соопшти прес-службата на Светата столица.

Во соопштението се вели дека разговорите биле срдечни и оти Ватикан изразил задоволство од посветеноста на американската администрација за заштита на слободата на вероисповед. 

- Беше изразена надеж за мирна соработка меѓу државата и Римокатоличката црква во САД, чија драгоцена служба за најранливите луѓе е добро позната, стои во соопштението. Во него никаде не се наведува дали на средбата требало да биде и папата Франциск, како што објавија некои медиуми.

Папата се опоравува од двојна пневмонија и максимално го редуцира својот распоред на активности. Од неговото отпуштање од болница пред четири недели, 88-годишниот папа се сретна само со британското кралско семејство, кралот Чарлс III и кралицата Камила. 

Венс, кој во 2019 година премина од протестант во католик, заедно со неговото семејство имал приватна обиколка на Систинската капела. Тој утре треба да присуствува на Велигденската миса во базиликата Свети Петар.

Американскиот потпретседател претходно во Рим се сретна и со италијанската премиерка Џорџа Мелони. 

Посетата на Венс на Рим коинцидира со одржувањето на вората рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма. Не е познато дали Венс ќе се вклучи во преговорите.

Од Италија тој треба да отпатува за Индија, земјата од каде потекнува неговата сопруга Уша.с

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата